Достапни линкови

Новите визни рестрикции на ЕУ не се фер, смета турскиот претседател


Абдула Ѓул

Абдула Ѓул

Турскиот претседател Абдула Ѓул рече дека одлуката на Европската унија за повторно воведување на визни рестрикции не е фер за турските државјани. Лидерот, кој е во официјална посета на Австрија, рече дека неговата држава се придружила кон царински пакт на Унијата пред 16 години, но и покрај тоа турските стопанственици и ден денес се соочуваат со бирократски проблеми при влез во земјите членки на ЕУ. Ѓул исто така апелираше до турските имигранти кои се иселиле во Австрија да го научат германскиот јазик.
XS
SM
MD
LG