Достапни линкови

СДСМ ги утврди пратеничките листи и коалициските партнери


СДСМ денеска во Скопје на партиски конгрес ги утврди пратеничките листи и носителите на листите во шесте изборни единици, како и предизборната програма за претстојните предвремени парламентарни избори. „Конгресот на СДСМ донесе три крупни одлуки - усвојување на предизборната програма, одлука за предизборна коалиција и утврдување на пратеничките листи и носителите на листите. Предизборната програма е обемна, конкретна, би рекол и владина програма со многу конкретни и храбри решенија кои драматично ќе ја сменат иднината на Македонија“ изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев по завршувањето на конгресот. Тој посочи дека на конгресот е донесена одлука за предизборно коалицирање со 15 политички партии. „Меѓу нив се НСДП, ПЕИ, две партии од турската националност, онаа на Аднан Ќахил и на Ердоган Сарач, една од росмката национална припадност, ПЦЕР на Самка Ибраимовски и уште десетина други поголеми или помали партии“ дополни Георгиев. На конгресот била донесена и одлука за кандидатските листи, a носителите во сите шест изборни едниници ќе бидат од СДСМ.
XS
SM
MD
LG