Достапни линкови

Хилари Клинтон со порака до Талибанците: Не можете да победите


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Вашингтон изјави дека американската порака до Талибанците останува иста, но по убиството на лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, таа порака е уште погласна. „Не можете да не победите, но можете да направите избор, да ја напуштите Ал Каеда и да учествувате во мирен политички процес“ рече Клинтон. Соединетите американски држави ги предупредија американците за можни реакции на терористичката организација, по убиството на предводникот на џихадот. Главно позитивни реакции и од другите земји во светот. Британскиот премиер Дејвид Камерун истакна дека ова е големо олеснување за светот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека смртта на Бин Ладен е победа на правдата. Русија ја поздрави веста за смртта на Бин Ладен, како една од првите цели на борбата против глобалниот тероризам. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи оцени дека талибанците треба да извлечат поука и да престанат со борбите. Индија, подравувајки го убиството на Бин Ладен во Пакистан, оцени дека тоа е уште еден доказ дека терористи имаат засолништа во таа земја. Oд родната земја на терористичкиот лидер, Саудиска Арабија, соопштија дека неговото убиство е „чекор кон елиминирањето на тероризмот“. Портпарол на талибанското движење во Пакистан се закани со напади врз пакистанската армија и Соединетите американски држави. Палестинската исламистичка група „Хамас“ го осуди убиството на Бин Ладен, тврдејки дека тој бил „арапски светец – војник“ Министерството за надврорешни работи на Израел соопшти дека по смртта на Бин Ладен Соединетите американски држави веќе немаат оправданиа за испраќање на вооружени сили на блискиот исток.
XS
SM
MD
LG