Достапни линкови

Во Хрватска уапсени двајца албански нарко дилери


Хрватската гранична полиција, кај Пасјак, уапси двајца Албанци кај кои пронашла 14,5 килограми марихуана, чија вредност на пазарот досигнува 100 илјади евра. Според албанските медиуми, уапсени се дваесет и едногодишен Албанец од Албанија и 23 годишен Албанец од Косово, во чиј автомобил „Опел Астра“ со француски регистарски таблички е пронајдена дрогата. Косовскиот Албанец бил на привремена работа во Швајцарија, додека албанскиот државјанин подолг период живеел во Франција, јавија медиумите.
XS
SM
MD
LG