Достапни линкови

Влада на РМ: Ликвидацијата на Бин Ладен е победа на правдата


Владата на Република Македонија силно ја поддржува борбата против тероризмот и ги подржува акциите на меѓународната заедница за неутрализација на сите елементи кои го промовираат тероризмот и ги загрозуваат мирот и стабилноста, соопшти владинот Сектор за односи со јавноста. Акцијата за сузбивање на тероризмот во која беше ликвидиран терористичкиот водач Осама Бин Ладен, оценува Владата на РМ, е победа на правдата и е голем успех и огромен напредок во напорите за создавање побезбеден свет и искоренување на терористичките закани против човештвото. „Република Македонија, рамо до рамо со нашите сојузници, и понатаму ќе ги поддржува и ќе продолжи да придонесува во активностите на меѓународната заедница за борба против тероризмот и терористичките закани и во активностите за промоција на мирот, демократијата и правдата“ се наведува во соопштението од Владата.
XS
SM
MD
LG