Достапни линкови

Реакции од НАТО Хамас и Талибанците за смртта на Бин Ладен


снимки од објектот каде бил убиен Бин Ладен

снимки од објектот каде бил убиен Бин Ладен

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави дека смртта на Бин Ладен е „значаен успех“ но предупреди дека Борбата против тероризмот ќе продолжи. Главно позитивни реакции и од другите земји во светот. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи рече дека талибанците треба да извлечат поука од настанот, додека од родната земја на терористичкиот лидер, Саудиска Арабија, соопштија дека неговото убиство е „чекор кон елиминирањето на тероризмот“. Портпарол на талибанското движење во Пакистан се закани со напади врз пакистанската армија и Соединетите американски држави. Палестинската исламистичка група „Хамас“ го осуди убиството на Бин Ладен, тврдејки дека тој бил „арапски светец – војник“ Министерството за надврорешни работи на Израел соопшти дека по смртта на Бин Ладен Соединетите американски држави веќе немаат оправданиа за испраќање на вооружени сили на блискиот исток.
XS
SM
MD
LG