Достапни линкови

Нови немири во Мисрата и подготовки за погреб на синот на Гадафи


повреден бунтовник во Мисрата

повреден бунтовник во Мисрата

Силите лојални на либијскиот лидер Муамар Гадафи почнаа нова офанзива против бунтовниците во градот Мисрата. Најмалку шестмина загинале во нападите а десетици се повредени, потврдија болнички извори. Мисрата е најголемиот град во западниот дел на Либија кој е поид контрола на бунтовниците и моментално е опколен од лојалистите на лидерот. Во меѓувреме, во Триполи во тек се подготовките за погребот на синот на Гадафи Сеиф ал Араб и неговите три деца. Властите тврдат дека загинале во напад на НАТО. По инцидентот во неделата, демонстранти ги запалија амбасадите на Британија и Италија.
XS
SM
MD
LG