Достапни линкови

Милошоски во Бразил, ќе се официјализира безвизен режим


Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски од денеска престојува во дводневна работна посета на Бразил, при што ќе оствари средба со својот бразилски колега Антонио де Агујар Патриота. Се очекува на средбата да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави како и за можностите за интензивирање на соработката во повеќе области, како економија, образование, култура, туризам, соопшти Министерството за надвоешни работи. Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бразил на средбата ќе потпишат и спогодба меѓу двете Влади за изземање на визните барања со што ќе се овозможи непречено безвизно патување меѓу двете држави.
XS
SM
MD
LG