Достапни линкови

Ваши коментари


И вашите коментари и пораки на нашата веб-страница се во духот на празникот, кој, кај нас, барем секогаш се поврзува со излет, скара и добро расположение.

Никогаш со синдикални протести на работниците кои, пак, секогаш имаат барем и најмала причина да реагираат. Ама, ние сме, најверожатно таков народ, дали се плашиме, дали сме инертни, или нешто друго, не знам, ама, сепак според вашите пораки покажувате дека и тоа колку се грижите за условите во кои работите или ќе работите.

Владимир Петровски, на самиот ден 1 мај, испратил резигнирана порака откако го слушнал или го прочитал нашиот текст со наслов: „Работнички страв од штрајк“ - порака која во принцип е малку прегруба и дури навредлива, но ваша си е... Работниците, вели Владимир Петровски, не се на штрајк пред институциите како во ЕУ. Тие се, вели, на ливади, затоа што се овци и волови.

Со ваши коментари реагирате и на нашиот текст: „Македонија меѓу популизмот и реалноста“. Слушателка потпишана како Американка, во пораката вели дека платите и пензиите биле веднаш покачени од парите што биле оставени. А за да се исполни ветувањето за зголемување на вработеноста се вработуваа нивните во администрацижата, па се отвори секаде факултет што го нема никаде во светот, па кога не тргна во економијата се удри на градење со девизата „Ние градиме, иако крадеме“, додава Американката. Ама, завршува таа, како ќе си дробиме, така ќе си сркаме.
Работниците, вели Владимир Петровски, не се на штрајк пред институциите како во ЕУ. Тие се, вели, на ливади, затоа што се овци и волови.

Владо смета дека обвинувањата на опозицијата се очекувани, бидејќи тие ништо не направиле, дека сега се гради, има нови вработувања, платите и пензиите се зголемени и дека на 6 јуни ќе паднеле маските на опозицијата која ќе одела во аут.

Владимир Петровски пишува дека реалноста е уште поцрна од напишаното. Не се опфатени, вели, семејства со нарко и алко-зависници, со растурени семејства, што значи дека 60 отсто од граѓаните живеат во беда и дека иднината е уште поцрна.

И на крај една „предизборна“: Некој слушател потпишан само со три петки, односно 555, реагира на кршењето на партиските штабови, најмногу на опозицијата, во повеќе општини, па пишува: „Демократијата не се искажува на таков начин. Тоа е срамота, кој е подобар нека победи, тоа е фер игра како во спортот - подобриот нека победи.“

Е, само дали има кој да слуша?!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG