Достапни линкови

logo-print

Инвеститорите не одминуваат


Во слободната економска зона Бунариџик профункционираа само две фабрики

Во слободната економска зона Бунариџик профункционираа само две фабрики

Се додека не понудиме политичка стабилност, здрав правен систем, ефективна администрација, инвеститорите ќе не избегнуваат, сметаат економистите.

Како изгледа политичката и економската клима, има ли проблеми во судскиот систем, дали администрација е ефективна? Тоа се важни сектори на кои државата треба да работи. Бизнисмените би сакале да видат уште повеќе да се случуваат подобрувања овде зашто истите, според нив, најмногу влијаат врз привлекувањето странски инвестиции.
Политичката клима се отсликува преку здрав и некоруптивен правен систем. Ако вие имате нездрав и многу коруптивен правен систем, а тоа е докажано, дека Македонија спаѓа во таа категорија на земји, вие покажувате дека имате и нездрава политичка клима во земјата. Правниот систем е слика за се што се случува во
една земја.


„Политичката клима се отсликува преку здрав и некоруптивен правен систем. Ако вие имате нездрав и многу коруптивен правен систем, а тоа е докажано, дека Македонија спаѓа во таа категорија на земји, вие покажувате дека имате и нездрава политичка клима во земјата. Правниот систем е слика за се што се случува во една земја“, вели бизнисменот Ристо Гуштеров.

И економистите очекуваат од државата да обрне поголемо внимание врз сигурноста на инвестирањето и инвестициите. Ние се уште сме земја која нема долга традиција во сопственичките права. Функционирањето на институциите кои го поддржуваат инвестирањето, пред се судовите и јавната администрација, се фактори кои се значајни за подобрување на целокупната состојба во Македонија, вели професор Христо Карталов. Од неговите одговори станува јасно дека ситуацијата во административно-политичкиот комплекс на прашања е важно да се подобри.


„Од врвен приоритет се прашањата кои треба да ги расчистиме со сопственичките права, прашањата за тоа политиката да биде понастрана од влијанието во економијата и обидот преку јавните набавки, преку тоа што државата ја има економската функција во економијата да се влијае и да се ремети конкуренцијата.“

Постојат и друга група прашања што влијаат врз инвеститорите, а тие доаѓаат од работната сила, пририродните ресурси, но тоа е друг комплекс прашања на кои и не може многу да влијаеме.

Според професор Сашо Арсов од
Тие бараат политичка и економска стабилност. Многу работи веќе се направени и гледаме дека тоа не успева многу и гледаме дека во околните земји каде е поголем пазарот и каде населението има поголема куповна моќ, тие таму
почесто одат.
Економскиот факултет во Скопје, најважен фактор што може да го успори привлекувањето странски инвестиции е и внатрешниот амбиент во земјата.

„Тие бараат политичка и економска стабилност. Многу работи веќе се направени и гледаме дека тоа не успева многу и гледаме дека во околните земји каде е поголем пазарот и каде населението има поголема куповна моќ, тие таму почесто одат. Во основа, според тоа, би заклучил дека мерките за привлекување пред се се од неекономска природа, пред се во нашиот случај.“

Неодамна и македонско-германското стопанско здружение кажа дека областите во кои треба да се работи на подобрување се однесуваат на ефикасност на јавната администрација, транспарентноста при јавните тендери во јавната инфраструктура, правната сигурност, процесот на приближување на Македонија кон ЕУ, политичката стабилност, пристапот до државната и финансиската подршка од ЕУ, како и во сузбивањето на корупцијата и криминалот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG