Достапни линкови

Реакции за смртта на Осама Бин Ладен - олеснување за светот


Илјадници луѓе се собраа на улиците на Њујорк, Вашингтон и во други американски градови, прославувајки ја веста за смртта на Осама Бин Ладен. Главно позитивни реакции и од другите земји во светот. Британскиот премиер Дејвид Камерун истакна дека ова е големо олеснување за светот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека смртта на Бин Ладен е победа на правдата. Русија ја поздрави веста за смртта на Бин Ладен, како една од првите цели на борбата против глобалниот тероризам. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи оцени дека талибанците треба да извлечат поука и да престанат со борбите. Индија, подравувајки го убиството на Бин Ладен во Пакистан, оцени дека тоа е уште еден доказ дека терористи имаат засолништа во таа земја.
XS
SM
MD
LG