Достапни линкови

logo-print

Обама - Го убивме Осама Бин Ладен


Лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен.

Лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен.

Лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, е мртов и САД го имаат неговото тело, соопшти американскиот претседател Барак Обама. Тој, сепак, рече дека ова не е крај на војната против Ал Каеда.

Бин Ладен бил убиен од американски разузнавачи во напад врз куќа во близина на главниот град на Пакистан, Исламабад. Во операцијата нема загинато американски сили и цивили. Обама соопшти дека Бин Ладен бил лоциран од пакистанските разузнавачи и му се заблагодари на пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари за соработката.

Лидерот на Ал Каеда е организатор на некои од најкрвавите терористички напади во светот меѓу кои и нападот на кулите близначки во Њујорк во 2001 година.
XS
SM
MD
LG