Достапни линкови

Либија жали за нападите врз странските амбасади во Триполи


Оштетената куќа во која наводно загинал синот и тројцата внуци на Мoамeр Гадафи

Оштетената куќа во која наводно загинал синот и тројцата внуци на Мoамeр Гадафи

Либиската влада соопшти дека жали за вчерашните напади врз британската и италијанската амбасада во Триполи. Заменик-министерот за надворешни работи Халид Каим вели дека полицијата била совладана од толпата што била гневна поради НАТО-нападите во кои бил убиен еден од синовите и тројца внуци на лидерот Моамер Гадафи. Нападнатите амбасади биле празни и нема повредени.
Како одговор на нападите, Британија го протера либискиот амбасадор од земјата. ОН најавија дека ќе го повлечат меѓународниот персонал од Либија, откако толпата ги нападна и нивните простории.
XS
SM
MD
LG