Достапни линкови

Израел - Прво помирување меѓу Фатах и Хамас, после пари


Шефот на делегацијата на Фатах, Азам Ал Ахмед и заменик лидерот на Хамас Муса Абу Марзук, по заедничката прес-конференција во Каиро на 27 април 2011

Шефот на делегацијата на Фатах, Азам Ал Ахмед и заменик лидерот на Хамас Муса Абу Марзук, по заедничката прес-конференција во Каиро на 27 април 2011

Израел ќе го одложи трансферот на 89 милиони долари планирани да им бидат префрлени на Палестинците оваа недела, се додека не се помират ривалските палестински фракции Фатах и Хамас. Министерот за финансии на Израел изјави дека ќе ги чуваат парите се додека не бидат сигурни дека тие нема да паднат во рацете на милитантите. Израел собира даночни и царински давачки за Палестинците во согласност со мировните договори од 1990 година. Израел и порано во неколку наврати одложувал трансфери на пари, поради загриженост дека парите ќе се искористат за финансирање на
напади против Израелците. Договорот за помирување меѓу Фатах и Хамас треба да биде потпишан во среда во Каиро.
XS
SM
MD
LG