Достапни линкови

Буш: смртта на Бин Ладен победа за Америка


Осама Бин Ладен

Осама Бин Ладен

Во првите реакции за смртта на Осама Бин Ладен преовладува оценката дека тоа е голем успех. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека смртта на Бин Ладен ќе донесе големо олеснување ширум светот. Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изрази надеж дека оваа вест ќе претставува утеха за оние што ги загубија најблиските на 11 септември 2001 година. Поранешниот претседател Џорџ Буш пак, смртта на најбараниот светски терорист ја означи како победа за Америка. Претходно американскиот претседател Барак Обама објави дека лидерот на Ал Каеда Осма бин Ладен бил убиен во операција во Пакистан предводена од американските сили.
XS
SM
MD
LG