Достапни линкови

Обама изјави дека Бин Ладен е мртов


Американскиот претседател Барак Обама објави дека лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен е мртов. Обама изјави дека Бин Ладен бил убиен во операција во Пакистан предводена од американските сили кои, како што рече, го имале неговото тело. Претседателот Обама додаде дека при акцијата немало жртви кај американските сили, ниту меѓу цивилите. Тој оцени дека Соединетите Држави не се во војна со исламот и оти Осама Бин Ладен не бил муслимански лидер, туку масовен убиец. За Бин Ладен се смета дека бил главниот организатор на некои од најсмртоносните терористички напади, меѓу нив и нападите врз Соединетите Држави на 11 септември 2001 година.
XS
SM
MD
LG