Достапни линкови

logo-print

Немири по наводното убиство на синот на Гадафи


Оштетената куќа во која наводно загинал синот и тројцата внуци на Мoамeр Гадафи

Оштетената куќа во која наводно загинал синот и тројцата внуци на Мoамeр Гадафи

Неверификуваните тврдења на либиската влада, дека синот и внуците на Гадафи загинале во напад на НАТО, предизвикаа немири во Либија.

Згради на Обединетите нации и канцеларии на странски мисии беа нападнати во Либија денеска по медиумските извештаи дека синот и тројца внуци на лидерот Мoамeр Гадафи загинале во воздушен напад на НАТО. Претставник на Обединетите нации во изјава за „Би Би Си“ потврди дека меѓународната организација ќе ги повлече претставниците од северноафриканската земја.

Обединетото кралство го избрка либискиот амбасадор од Лондон, откако британската амбасада во Триполи беше нападната. Италијанската амбасада ги осуди нападите, нарекувајќи ги „акти на вандализам“. Италија неодамна се приклучи кон воздушните операции против режимот на Гадафи за заштита на цивилите во Либија.

Непроверени владини тврдења предизвикаа реакции

Муамар Гадафи
Нападите врз згради на странски организации почнаа по засега непотврдените медиумски извештаи за смртта на 29-годишниот син на Гадафи, Саиф ал Араб и неговите три деца. Либијските власти ги однесоа новинарите на местото на нападот. Евидентно е дека куќата била погодена од три ракети, наводно доцна вчеравечер. Од НАТО демантираа дека Гадафи бил мета на напади и потврдија дека иницирале напад на воени мети во Триполи. Владиниот портпарол Муса Ибрахим потврди дека Гадафи и неговата сопруга не биле повредени.


Реакција на меѓународната заедница

Секретарот за односи со јавност во Белата куќа Џеј Карни изјави дека Соединетите Американски Држави се свесни за медиумските извештаи за загинатиот син на лидерот и ја следат ситуацијата.
Британија, пак, ја реафирмираше подршката за операциите против лојалистите на либијскиот лидер. Според премиерот Дејвид Камерон, интервенцијата во северноафриканската земја е во согласност со резолуцијата на Обединетите нации.

членови на меѓународната контакт група за Либија

Русија, од друга страна, со спротивна реакција. Рускиот пратеник Константин Косачијов упати критики кон Алијансата. .

„Се` повеќе факти укажуваат дека целта на анти–либијската коалиција е физичко уништување на Гадафи“, рече Косачијов.

Реакциите на меѓународната заедница следат по изјавата на портпаролот на либијската влада кој ја нарече интервенцијата на Алијансата „директна операција за атентат на лидерот на земјата“.

НАТО, пак, тврди дека нападот бил дел од поширока офанзива, демантирајќи дека при воздушните напади се целат индивидуалци.
XS
SM
MD
LG