Достапни линкови

Недоразбирања меѓу врховниот лидер на Иран и претседателот


Махмуд Ахмадинеџад

Махмуд Ахмадинеџад

Иранската државна телевизија јави дека претседателот Махмуд Ахмадинеџад денеска присуствувал на лидерски состанок, по еднонеделно отсуство поради недоразбирањата со врховниот лидер на Иран Ајатолахот Али Каменеи. Односите меѓу претседателот и врховниот лидер се заострија по одлуката на Ахмадинеџад за отпуштање на шефот на разузнавачката служба Хеидар Мослехи. Каменеи веднаш се спротистави на одлуката на претседателот и го врати Мослехи на функцијата, по што претседателот престана да присуствува на лидерските состаноци. Минатата недела врховниот лидер изјави дека ќе се меша во работата на владата кога за тоа ќе има потреба.
XS
SM
MD
LG