Достапни линкови

Реакција на ВМРО - ДПМНЕ на најавениот протест на СДСМ


Владеачката партија реагира на најаваениот предизборен протест на опозицијата. „СДСМ може да прави маршови и протести, може да ги носи разните гемовци и лажни невладини организации, може и да ги малтретира и лаже сопствените членови, но факт е дека и тие повеќе не им веруваат. Ниту еден митинг не може да го сокрие стравот во СДСМ“ изјави на прес-конференција Зоран Петровски, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, подготовките на опозициската партија за изборите, можеле да се видат во документот што го презентира ВМРО-ДПМНЕ, а кои покажувале дека СДСМ подготвува недемократски средства за настап на престојните избори кои треба да бидат алиби за пораз.
XS
SM
MD
LG