Достапни линкови

Струга остана празна за првомајските празници


За првомајските празници Струга остана без гости. Најслаб првомајски викенд во последните пет години, велат туристичките работници од Струга. Од хотелот „Дрим“ информираат дека причина, најверојатно, е врнежливото време деновиве. „И покрај најавите за туристи од Грција и Србија, на два дена пред нивното доаѓање ги откажаа аранжманите. Образложение им беа најавите на метеоролозите дека за време на празникот ќе врне дожд во Македонија“ изјави Билјана Ѓеоргиевска од хотелот „Дрим“. Слична оценка за посетеноста на Струга имаат и останатите хотели во градот. „Не очекувавме вака лош викенд. Во изминативе години за 1 и 2 мај, Струга беше одлично посетена, се бараше кревет повеќе. Гости имаше како во приватното сместување, така и во хотелските капацитети. Но годинава е многу лошо. Можеби причина е лошто време, но и лошата финансиска состојба на граѓаните“рече Ајруш Камбери од струшкиот хотел „Аполонија“.
XS
SM
MD
LG