Достапни линкови

Руски пратеник со критики за интервенцијата на НАТО во Либија


Константин Косачијов

Константин Косачијов

Рускиот пратеник Константин Косачијов упати критики кон НАТО за воздушниот напад во кој, според тврдењата на либијските власти загинал синот и тројца внуци на либијскиот лидер Муамар Гадафи. „Се` повеќе факти укажуваат дека целта на анти – либијската коалиција е физичко уништување на Гадафи“. Рече Косачијов. Неговите забелешки следат по изјавите на портпаролот на либијската влада кој ја нарече интервенцијата на Алијансата „директна операција за атентат на лидерот на земјата“. НАТО, пак, тврди дека нападот бил дел од поширока офанзива, демантирајки дека при воздушните напади се целат индивидуалци. Британскиот премиер Дејвид Камерон претходно изјави дека операциите на Северноатланската алијанска се во согласност со параметрите кои ги одредиле Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG