Достапни линкови

СДСМ најави протест за промоција на изборната програма


СДСМ денеска најави дека на 15 мај пред Владата на протест ќе ја промовира коалицијата, кандидатите и изборната програма, наместо промоцијата што ја планираше за тој датум на Градскиот стадион. Откако Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор го одби барањето за користење на арената „Филип II Македонски“ Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ, на прес-конференција оцени дека со одбивањето на барањето власта признала оти на претстојните избори на 5 јуни ќе доживее пораз. „Не случајно го одбија барањето на СДСМ промоцијата на кандидатите и изборната програма заедно со граѓаните да ја направиме на Градскиот стадион во Скопје“ рече Петров.
XS
SM
MD
LG