Достапни линкови

Партиски протести и честитки за Први Мај


Клубот на жени на опозициската СДСМ денеска по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот упати отворено писмо до Владата за состојбата на правата на жените. „Во Македонија жените имаат 50 проценти помалку приходи од мажите, 30 проценти помалку учество и шанси на пазарот на трудот и се 40 проценти помалку платени од мажите за иста работа“ се наведува во писмото. Според клубот на жени на опозициската партија, правата на жените не се приоритет во програмата на Владата. Во меѓувреме, од владеачката партија испратија честитка по повод Меѓународниот ден на трудот. „Една од нашите основни заложби во работењето, беше и останува подобрувањето на стандардот на работниците и реформи во една од најзапоставените области, сферата на социјалните права, сигурноста, социјалната и здравствена заштита“ пишува во партиската честитка.
XS
SM
MD
LG