Достапни линкови

logo-print

Работнички страв од штрајк


Да не се стечајците, нема кој да протестира

Да не се стечајците, нема кој да протестира

Плашејќи се за своите работни места, во услови на голема невработеност, работниците се плашат да излезат на штрајк, помирувајќи се со лошите услови во кои работат.

Да не останам без работа, да не се налути газдата ако се бунам па да ме казни од плата, ако излезам на протест ќе ме видат, ќе речат од опозицијата сум, кој ќе ме заштити ако газдата и после протестот не ни ги исполни барањата? Ова се дел од прашањата што ги мачат работниците кои својата плата ја заработуваат во лоши услови, немаат сини картони, добиваат ниски плати, а дополнителните работни часови ретко им ги плаќаат. Ако на сево ова се додаде и непознавањето на работниците за своите права предвидени во рестриктивните закони, непочитувањето
Сакам да направиме Синдикат на невработени, доста се веќе тие партиски вработувања. Синдикат на невработени тоа може да биде најголема синдикална
организација.
дури и на таквите закони од страна на газдите и државата, како и големата невработеност, станува јасно зошто работниците во Македонија ретко излегуваат на улица гласно да ги бараат своите права.

Имајќи го превид стравот кај вработените, претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Маријан Ристевски, има предлог како да се основа најголема синдикална организација.

„Сакам да направиме Синдикат на невработени, доста се веќе тие партиски вработувања. Синдикат на невработени - тоа може да биде најголема синдикална организација.“

Студија „Штрајк - Искуства и состојби

Димитар Апасиев од движењето за социјална правда „Ленка“, кое ја изработи студијата „Штрајк - Искуства и состојби“, вели дека работниците како да се помирија со лошите услови во кои што работат.

„Тие се помирија со принципот на граѓанско студенило и веќе како да исчезна солидарноста која постоеше помеѓу самите работници и тие се помирија со агендата на „цедење“ на работната сила и тоа го прифатија како сосема нормално и очекувано во овој налет на неолибералистичка идеологија во нашата средина.“

Уредникот на студијата, професор Здравко Савески, од друга страна, вели дека правото на протест е уставно загарантирано, но со измени во определни закони и одредени ограничувања, во реалноста се добива впечаток дека
Тие се помирија со принципот на граѓанско студенило и веќе како да исчезна солидарноста која постоеше помеѓу самите работници и тие се помирија со агендата на „цедење“ на работната сила и тоа го прифатија како сосема нормално.
работникот веќе и нема право да штрајкува.

„На болниците им е потешко да организираат штрајк уште на почетокот, значи мора да го најават. Штрајкот ќе може да почне откако ќе заврши постапката на помирување, значи вие ќе можете да организирате штрајк по два дена, по три дена, по една година и во меѓувреме газдата може да врши притисок врз работниците да ги сузбие за да не организираат штрајк. Значи потребен е синдикат, ако нема синдикат тогаш што правиме, дали веднаш ќе се оди на нелегален штрајк или што правиме, дали веднаш ќе се оди на против законски штрајк или не, значи тука постои страв.“

Тој додава дека дополнителен проблем е тоа што законите повеќе ги штитат работодавачите отколку работниците.


„Не можете целосно да прекинете со работниот процес во многу фирми, постојат т.н. Производно одржувачки нужни работи, вие мора во текот на штрајкот да организирате штрајк и мора претпријатието да работи, каков штрајк е тоа?“

Организирањето законски штрајк дополнително го отежнува и фактот што ако штрајкувачите предизвикаат потешка повреда на договорот за вработување работникот е во ризик дека ќе добие отказ. Работодавачот, исто така, при законски спроведен штрајк, има право да отстрани од работа два проценти од вработените. Пример за лошите законски услови што го ограничуваат правото на организирање штрајк е битолска Шеќерана каде што 25 работници по штрајкот добија отказ и сопстениците на фабриката од нив побараа надомест на штета која ја претрпела фирмата додека траел штрајкот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG