Достапни линкови

Загинал синот на Гадафи, тврдат либијските власти


Синот на либијскиот лидер Муамар Гадафи загинал во напад на НАТО, тврди либисјската влада. Портпаролот Муса Ибрахим изјави дека 29 годишниот Саиф ал Араб и неговите три деца загинале во напад на Алијансата. Либијските власти ги однесоа новинарите на местото на нападот. Евидентно е дека куќата била погодена од три ракети, наводно доцна вчеравечер. Од НАТО демантираа дека Гадафи бил мета на напади и потврдија дека иницирале напад на воени мети во Триполи. Во меѓувреме, секретарот за односи со јавност во Белата куќа Џеј Карни изјави дека Соединетите американски држави се свесни за медиумските извештаи за загинатиот син на лидерот и ја следат ситуацијата.
XS
SM
MD
LG