Достапни линкови

Македонија го одбележува 1 Мај


Македонија го одбележува 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права. Наместо традиционалниот првомајски марш, Сојузот на синдикати на Македонија во пресрет на празникот на трудот почна кампања за утврдување минимална плата со која треба да се обезбеди материјална и социјална сигурност на работниците. Во честитката што ја упати по повод празникот, Синдикатот ги повика сите одговорни субјекти во државата, пред се Собранието и Владата, како и организациите на работодавачи да ги почитуваат материјално-социјалните права на вработените утврдени во Уставот, законите и колективните договори и да придонесат за нивно натамошно унапредување. Првомајски протест против кршењето на работничките права денеска во центарот на Скопје организира Движењето за социјална правда „Ленка“. Целта е да се подигне свеста на работниците дека треба да се борат за да ги заштитат своите работнички права.
XS
SM
MD
LG