Достапни линкови

Албанија и Косово договорија гранични олеснувања


Министрите за внатрешни работи на Албанија и Косово, Бујар Нишани и Бајрам Реџепи, синоќа во Тирана потпишаа договор за олеснување при преминување на границата меѓу двете држави. Станува збор за прв договор на Приштина за слободно минување на границата со држави кои ја признаа косовската независност. Косовското Министерство за внатрешни работи соопшти дека со потпишување на документот се обезбедени услови граѓаните на Албанија и Косово да ја минуваат границата без контрола, како што е случај во државите од Шенген-зоната.
XS
SM
MD
LG