Достапни линкови

logo-print

Либијската опозиција ја одби понудата на Гадафи


Либијската опозиција ја одби понудата за одржување разговори на лидерот Муамар Гадафи. Трансинституционалниот бунтовнички совет со седиште во Бенгази, град кој е под власт на бунтовниците, соопшти дека Гадафи веќе не игра улога во исднината на земјата. Претходно, НАТО ја одби понудата на либијскиот лидер за прекин на огнот и побара неговите лојалисти да прекинат со нападите врз цивили. Новинската агенција „Асошиејтед Прес“ пренесува изјава на неименуван претставник н а алијансата кој бара „дела а не зборови“. Претходно, Гадафи побара прекин на воздушните напади и во своето обраќање на либијската државна телевизија изјави дека „вратата за мир е отворена“. Тој исто така изјави дека нема намера да се повлече од лидерската позиција, функција која ја извршува 41 година. Силите на НАТО ги напаѓаат вооружените следбеници на Гадафи, извршувајки ги одредбите на резолуција на Обединетите нации чија примарна цел е заштита на цивилите во северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG