Достапни линкови

Турција се подготвува за нов бран бегалци од Сирија


Турција испрати екипи за помош на границата со Сирија, како подготовка за нов бран бегалци од земјата каде избиваат немири против владеењето на претседателот. Во петокот турските власти им понудија засолништа на повеќе од 200 бегалци од Сирија, кои се пробиле низ бодликавата жица на сиријскиот граничен пункт. Активистите за човекови права проценуваат дека во немирите во земјата во петокот загинале 60 лица. Денеска, пак, нови инциденти настанаа во градот Дара. Како што сведочат очевидвидци, вооружените сили со тешка артилерија нападнале џамија во стариот дел на градот која претходно била под контрола на бунтовниците. Четворица загинале во инцидентот. Анти – владини протести избиваат низ повеќе места во Сирија. Демонстрантите бараат оставка од претседателот Башар ал Асад. Меѓународната заедница реагираше со санкции за сиријски државни службеници и ембарго за достава на оружје.
XS
SM
MD
LG