Достапни линкови

Одбиени барањата на партиите за користење на стадионот


Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ги одби сите барања кои ги доставија политичките партии за користење на објектот на Национална арена Филип II Македонски, информира преку соопштение директорот Владимир Бахчовановски. Деловната политика, визија и стратегија на претпријатието предвидува објектот на арената да се користи за спортски, културно-забавни и музичко-уметнички цени и манифестации, се наведува во соопштението. Tаквата деловна политика, според директорот, е потврдена со правните акти на Јавното претпријатие и не овозможува организирање партиско-политички манифестации и настани на арената.

XS
SM
MD
LG