Достапни линкови

logo-print

Oбвинувања за предизборни инциденти и задушување на медиуми


ВМРО-ДПМНЕ денеска презентира документ со кој, според партискиот портпарол Александар Бичиклиски, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров бара од општинските организации да обезбедат лица од партијата кои веројатно ќе имале задача да прават изборни инциденти. „Андреј Петров им дава инструкција на нивните организации за секое избирачко место кое е покриено од локалната организација да достават по пет предлози од најсилните партиски активисти во врска со проектот „Чувари на изборната победа“ рече на прес-конференција Бичиклиски. Од СДСМ реагираат: кај власта постои страв од изборен пораз на претстојните избори од кој си нанесува штета.
Во меѓувреме, претседателот на најголемата опозициска партија ја прозва власта за задушување на независните медиуми. „По вторпат, за краток период, власта се обидува да го затвори Канал 77 со блокирање на сметката. Спротивно на законот, градоначалникот на Штип издал решение за наплата на данок на имот. Неверојатно, градоначалникот бара да се плати данок за период во кој објектот не бил ни изграден“ рече Гордан Георгиев.
XS
SM
MD
LG