Достапни линкови

Заврши мандатот на Фејт, ЕУ без одлука за негов наследник


Питер Фејт

Питер Фејт

На специјалниот претставник на ЕУ на Косово Питер Фејт денеска му истекува мандатот, но Брисел се уште нема одредено кој ќе го замени на оваа функција. Мандатот на Фејт првично требаше да заврши уште на крајот на февруари, но шефовите на дипломатиите на ЕУ на состанокот на 21 февруари одлучија неговиот мандат да биде продолжен до крајот на април, со цел да обезбедат дополнително време за формирање на политика и одредување начин на кој Унијата во иднина ќе биде застапена во Приштина. Се очекува дека до изборот на нов специјален претставник, оваа функција ќе ја извршува Фернандо Џентилини, функционер во кабинетот на шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон, под чија ингеренција е и дипломатската служба. Одлуката за тоа кој ќе биде новиот специјален претставник на ЕУ на Косово ќе ја донесе Советот на министри на Унијата, чија следна седница е закажана за 13 мај, но неизвесно е дали ова прашање ќе се најде тогаш на дневен ред, бидејќи е планирано овој состанок да биде посветен на трговијата.
XS
SM
MD
LG