Достапни линкови

Германските власти тврдат дека спречиле терористички напади


Германските обвинители соопштија дека еден од тројца приведени осомничени членови на терористичката Ал Каеда е високорангиран припадник на организацијата кој требало да диригира напади во земјата. Заменик државниот обвинител Раинер Гриесбаум денеска во Берлин изјави дека 29 годишниот осомничен „бил инструиран од врвот на Ал Каеда во 2010 година да изврши напад во Германија“. Гриесбаум додаде дека осомничениоит почнал да подготвува експлозиви за извршување на наредбите. Шефот на германската полиција Јоерг Циерк, пак, изјави дека осомничениот нелегално живеел во Германија од Ноември 2010 година и имал врски во Австрија, Мороко, Косово и Иран.
XS
SM
MD
LG