Достапни линкови

Акција на МОСТ за проверка на податоците во Избирачкиот список


избирачко место

избирачко место

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска почна акција преку која на граѓаните им овозможува проверка на податоците во Избирачкиот список. „Целта на акцијата е подигнување на свеста на граѓаните за нивните права и граѓански должности за проверка на своите податоци во Избирачкиот список“ изјави Дарко Алексов, извршен директор на Граѓнската асоцијација МОСТ. Според него, МОСТ сака што поголем број граѓани да ги проверат своите податоци преку интернет страницата www.izbirackispisok.gov.mk, но и оние кои не знаат или, пак, не можат да го остварат своето право за проверка на податоците преку интернет. Активистите на МОСТ преку 18-те регионални канцеларии на асоцијацијата организраат локални акции во сите 84 општини во државава. Акциите се одвиваат на отворено во време и на локација каде фреквенцијата на граѓаните е поголема. Ќе се спроведуваат до 4 мај до кога Избирачкиот список е на јавен увид во подрачните единици на ДИК.
XS
SM
MD
LG