Достапни линкови

Петмина загинати во протестите во југот на Јемен


Властите во Јемен соопштија дека двајца војници и тројца цивили загинеле во југот на земјата во судирите при анти-владините протести. Инцидентот се случил по обидот на вооружените сили да ги спречат демонстрантите кои се обиделе да ги пробијат блокадите во градот Аден. Како што соопштија локалните власти, дваесетмина се повредени во инцидентот. Аден е еден од епицентрите на протестите против претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт 32 години.
XS
SM
MD
LG