Достапни линкови

Симулација: ВМРО-ДПМНЕ со 55 пратенички места, СДСМ со 31


ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори би освоила 55 пратенички места, СДСМ 31, ДУИ 15, ДПА 7, Нова Демократија 4, НДП 3, ЛДП 2, а ВМРО Народна, Обединети за Македонија и други политички партии по 1 пратенички мандат. Ова го покажува симулацијата изработена од Институтот Павел Шатев со употреба на Донтоновиот изборен модел, земајќи ги во предвид резултатите од прашањето „доколку утре се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале?”. Извршената симулација е врз основа на последните објавени резултати од мерењата на рејтингот на политичките партии, направени од Институтот.
XS
SM
MD
LG