Достапни линкови

Студентскиот парламент контра опозицијата за дисперзираните студии


од студентските протести

од студентските протести

Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска побара опозициската СДСМ да се повлече од барањето за укинување на дисперзираните студии и најави оти ќе се спротивстави на таквата, според нив, ретроградна идеја. „Таквото барање претставува потценување на македонските студенти и директно ускратување на нивното право за образование“ изјави на прес-конференција Иван Живковски, претседател на Студентскиот парламент. Укинувањето на дисперзираните студии, наведе Живковски, ќе значи и неколкукратно зголемени трошоци за студирање на младите. Живковски порача дека високото образование не смее да биде привилегија за богатите и да се затвора во елитистичките кругови.
XS
SM
MD
LG