Достапни линкови

НАТО ја одби понудата на Гадафи за примирје во Либија


НАТО ја одби понудата на либијскиот лидер Муамар Гадафи за прекин на огнот и побара неговите лојалисти да престанат со нападите на цивили. Новинската агенција „Асошиејтед Прес“ пренесува изјава на неименуван претставник на Алијансата кој бара „дела а не зборови“. Претходно, Гадафи побара прекин на воздушните напади и во своето обраќање на либијската државна телевизија изјави дека „вратата за мир е отворена“. Тој исто така рече дека нема намера да се повлече од лидерската позиција, функција која ја извршува 41 година. Силите на НАТО ги напаѓаат вооружените следбеници на Гадафи, извршувајки ги одредбите на резолуција на Обединетите нации, чија примарна цел е заштита на цивилите во северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG