Достапни линкови

Милошски на средба со посредникот Нимиц во Њујорк


Министерот за надворешни работи Милошоски и посредникот на ОН Нимиц

Министерот за надворешни работи Милошоски и посредникот на ОН Нимиц

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и македонскиот претставник во разговорите со Грција околу разликите за името амбасадорот Зоран Јолевски денеска во Њујорк ќе имаат средба со посредникот на Обединетите Нации Метју Нимиц. Шефот на македонската дипломатија Милошоски на синоќешната средба во Њујорк со генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун истакнал дека Република Македонија е подготвена за продолжување на македонско-грчкиот дијалог за надминување на разликите околу името и дава целосна поддршка на процесот што се води со посредништво на ОН.
На средбата во седиштето на ОН, Милошоски ја презентирал и меѓународно правната димензија на македонско-грчкиот случај пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Прес-службата на ОН соопшти дека Бан Ки-мун искажал охрабрување за директниот дијалог воспоставен меѓу премиерите на двете земји и оти е време да се оди кон одлуки со кои што ќе се реши прашањето експедитивно и на заемно прифалив начин.
XS
SM
MD
LG