Достапни линкови

Обама во Алабама: вакви уништивања немам видено


Американскиот претседател Барак Обама ја посети јужната држава Алабама, каде што голем број луѓе го загубија животот, а некои места се уништени од најсилното торнадо во последните речиси 80 години. Официјално како последица на торнадото оваа недела загинаа 330 лица во неколку јужни држави од кои речиси 240 се од Алабама.
Обама во Тускалоса изјави дека никогаш порано не беше сведок на такво уништување и вети дека Федералната влада на САД ќе помогне при обновата.
XS
SM
MD
LG