Достапни линкови

logo-print

САД воведоа санкции против Сирија, се очекува и ЕУ


Срија - Хама, 29 Април

Срија - Хама, 29 Април

Соединетите Американски Држави воведоа санкции против Сирија, а се очекува тоа да го направи и Европската Унија како одговор на мерките против про - демократски демонстранти од страна на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
По наредба на Претседателот Барак Обама, САД наметнаа финансиски ограничувања за разузнавачка агенција на Сирија и за двајца роднини на Асад за наводни кршења на човековите права. Врз иранската револуционерна гарда, која е веќе под санкции на САД, се воведени нови мерки поради помагање на Сирија во справувањето со протестите.
XS
SM
MD
LG