Достапни линкови

Амбасадорот Рикер на средба со лидерот на ДПА Тачи


Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер по денешната средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи во партиското седиште во Тетово апелира претстојните парламентарни избори да бидат слободни, фер и пред се мирни. Рикер рече дека пред предвремените избори и завршувањето на неговиот мандат се обидува да се сретне со лидерите на сите поголеми политички партии. ,,Ги повикувам сите политички лидери да поддржат слободни, фер и најважно од се мирни избори на 5 јуни како многу важни за иднината на Македонија, без разлика на исходот од нив, изјави Рикер.
XS
SM
MD
LG