Достапни линкови

Ставрески: предвидените пари од Буџетот доволни за изборите


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

Предвидените средства од 315 милиони денари се сосема доволни за обезбедување фер и демократски избори и за целосна реализација на изборниот процес од аспект на поддршка на институции, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Запрашан дали ќе има повеќе пари за Државната изборна комисија, вицепремиерот Ставрески рече дека претставници на Министерството и ДИК на заедничка средба заклучиле дека предвидените средства се доволни за одржување фер и демократски избори.
XS
SM
MD
LG