Достапни линкови

Муслиманското братство повика на протести во Сирија


Забранетото исламско движење Муслиманско братство ги повика сиријците да излезат на протест поради ригорозните мерки на владата во справувањето со демонстрантите кои бараат слобода и демократија. Ова е за прв пат Муслиманското братство отворено да повика на протести против режимот на претседателот Башар ал Асад. Претставници на Европската унија денеска во Брисел разгледуваат дали да воведат санкции против Сирија.
XS
SM
MD
LG