Достапни линкови

logo-print

Политизираноста и немањето заштита на работничките права, според експертите се главни причина што македонските работници се плашат да протесираат.

Голема политизираност на целото општество, огромна невработеност, партизација на синдикалните организации, партии како Агенции за вработување, рестриктивни закони, кои дури и такви, не се почитуваат и корупција во државните органи што треба да ги заштитат правата на работниците. Ова се само дел од причините што ги наведуваат експертите и синдикалците зошто македонските работници ретко се одлучуваат да протестираат.
Има многу тужби кои се дадени, дури некои и се процесуирани меѓутоа многу е мал бројот на тие кои што успеале да добијат позитивна одлука.


Особено сега, во предизборието, се засилуваат партиските притисоци врз вработените во јавната администрација. Најмногу на удар се нововработените кои се вработуваат со договори за привремено вработување - ги тераат да присуствуваат на партиски митинзи, да агитираат и да донесат списоци со 15 луѓе кои ќе гласаат за партијата. Во спротивно нема да им бидат продолжени договорите и ќе останат без работа.

Иако подложна на партиски притисоци, јавната администрација е во подобра позиција од приватниот сектор.

Синдикалците, пак, сведочат дека по секои избори и промена на власта, многу луѓе се жалат на партиски реваншизам, деградирање или отпуштање од работа. Стравот кај вработените од ова е оправадан ако се земе предвид дека во последните 20 години администрацијата се полни со партиски војници, велат тие.

Експертот за човекови парава, професор Мирјана Најчевска вели дека е речиси невозможно вработените во јавната администрација да се заштитат од политички или партиски пристисоци. Таа смета дека сите заштитни механизми се уништени и се подведени под партиска контрола. Вработените, на пример, може да тужат за мобинг, но искуствата покажуваат дека тие тужби не проаѓаат, вели таа.

„Има многу тужби кои се дадени, дури некои и се процесуирани, меѓутоа
Оние што се опозициски настроени по секоја цена притискаат да излеземе на протести, додека оние што имаат симпатии кон власта од „петни жили“ се обидуваа да кажат дека сега не е моментот, дека е кампања.
многу е мал бројот на тие кои што успеале да добијат позитивна одлука.“

Од друга страна, вели Најчевска, луѓето што се вработуваат во јавната администрација, се вработиле таму, токму по заслуга на партијата.

„Фактички на тој начин партиите и ги држат нив во заложништво. Имено, не доаѓајќи на соодветните работни места врз основа на јасна процедура, тие не се сигурни дека можат да ги задржат тие работни места, односно немаат никаква гаранција дека во една соодветна процедура би можеле навистина да го достигнат тоа кариерно ниво на кое што во моментот се наоѓаат.“

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Маријан Ристевски, опишува на кој начин партиските активисти или симпатизери се обидуваат да ги наметнат ставовите во рамките на синдикатите.

„Имаше навистина тешки дискусии за тоа зошто сега за 1 Мај да излеземе да протестираме или не. Секој протест треба да има и некои барања, барањата требаше да ги доставиме до Собранието, а Собранието е распуштено. Некако веднаш се чувствува во дискусијата во Синдикатот, оние што се опозициски настроени по секоја цена притискаат да излеземе на протести, додека оние што имаат симпатии кон власта од „петни жили“ се обидуваа да кажат дека сега не е моментот, дека е кампања.“

Сепак, велат синдикалците, состојбата со работничките права е далеку подобра во јавната администрација, отколку во приватните фирми.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG