Достапни линкови

Без подобрување на инфраструктурата и ресурсите, нема развој на туризмот, велат туристичките работници во Македонија.

Македонија, не е позната дестинација за странските туристи. За да се подобри состојбата на тој проблем треба да работат заедно и приватниот и јавниот сектор, вели Директорот на Придружните членки на Светската туристичка асоцијација при Обединети нации, Хавиер Бланко, кој е гостин во неделното инетрвју на Радио Слободна Европа. Бланко вели дека верува оти новите
Туризмот не е лесен, мора да си ги цените ресурсите и ако сакате да се развиете како туристичка земја судбината на тој успех и на вашите ресурси се наоѓа во ваши раце. Туризмот е една многу битна рамка и не ги засега само хотелите, туристичките агенции и рестораните.
дестинации, оние кои сега се будат, како што е на пример Македонија, имаат загарантирано место во светскиот туризам и не мора да се плашат, само треба работа, затоа што со развој на туризмот се придонесува за намалување на сиромаштијата.

„Туризмот не е лесен, мора да си ги цените ресурсите и ако сакате да се развиете како туристичка земја, судбината на тој успех и на вашите ресурси се наоѓа во ваши раце. Туризмот е една многу битна рамка и не ги засега само хотелите, туристичките агенции и рестораните.“

Туристичките работници велат дека состојбата со странските туристи е лоша и дека се уште е мал бројот на странските туристи кои ја посетуваат земјава. Директорот на една туристичка агенција, Ангел Иванов, вели дека рекламните кампањи кои се емитуваа на странските медиуми се корисни, но носат и негативни последици:

Охрид

„Од една страна се повикува, и може да дојдат гости, но од друга страна што ќе им покажете освен културно-историските споменици кои што се во изобилие, но кои понекогаш немаат ниту пристап или се занемарени и се во многу лоша состојба и од друга страна каде ќе ги сместите.“

Тој додава дека земјава има културно, историско и природно богатство кое може да се понуди на пазарот како туристички производ, само што не умееме тоа да го направиме.
Од една страна се повикува, и може да дојдат гости, но од друга страна што ќе им покажете освен културно-историските споменици кои што се во изобилие, но кои понекогаш немаат ниту пристап.

„Гостите поевтино е да дојдат од Софија и да го сликаат Камениот Мост или обратно да дојдат од хотел „Шератон“ во Тирана, да го сликаат Плаошник и пак да се вратат и за евтини пари повторно да си престојуваат во „Шератон“, Тирана. Значи под итно ни треба хотелска инфраструктура, во повеќе категории, но најважно од повисоките категории.“

Директорот на Агенција за развој на Туризам Зоран Стрезовски вели дека
врз туризмот во земјава има влијание фактот што Македонија не е членка на ЕУ и НАТО .

„Влијанието е во смисла на европските земји, нормално зборувам од оној практичен аспект, друго е кога сте во ЕУ, стандардот, условите има значи влијание, но сепак мислам дека не е пресудно.“

Стрезовски очекува годинава да ни дојдат туристи од нордискиот пазар, од Финска, Полска, Русија, Индија, Холандија и на до карајот на годината бројот на странски туристи да се зголеми за 10 до 15 проценти во однос на претходните години.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG