Достапни линкови

logo-print

Кралска венчавка во Британија


Кралската двојка и на британското знаме

Кралската двојка и на британското знаме

Во Велика Британија денеска ќе се одржи венчавањето на принцот Вилијам и на неговата избраничка Кејт Мидлтон.
На свадбена церемонија во Вестминстерската опатија, поканети се околу 1.900 гости, претставници на кралските династии од целиот свет, пријатели и роднини на невестата и на младоженецот, британски политичари, познати спортисти, високи воени лица и јавни личности. За безбедноста на гостите и на луѓето кои од улица ќе ја следат церемонијата же се грижат илјадници полицајци. Денешниот ден е прогласен за државен празник во Обединетото Кралство. Церемонијата директно ќе се емитува и на интернет и на телевизија. Желбата на младенците е на свадбата да нема подароци, а секој кој сака кој сака да подари, нека донира пари во добротворни цели.
XS
SM
MD
LG