Достапни линкови

Над 300 жртви од торнадата во јужниот дел на САД


Алабама по торнадата

Алабама по торнадата

Најмалку 300 луѓе загинаа изминатите неколку денови во јужниот дел на Соединетите држави, откако тој регион го погодија торнада. Најпогодена е Албама, каде досега се пријавени 200 смрти случаи. Жртви има и во Џорџија, Тенеси, Мисисипи, Вирџинија. Според американската национална метеоролошка служба, најмалку 300 торнада го погодиле јужниот дел на САД, од кои повеќе од 150 само во средата.
Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во
Алабама. Белата куќа најави дека Обама денеска ќе отпатува во Алабама, за да види до каде се напорите за спасување и опоравување од катастрофата.
XS
SM
MD
LG