Достапни линкови

Самоубиствен напад во џамија во Ирак, 10 мртви


Најмалку 10 луѓе загинаа а 20 се повредени во самоубиствен напад во шиитска џамија во централниот дел на Ирак, соопштуваат тамошните власти. Нападот се случил во градот Балдруз, кој се наоѓа на 75 километри североисточно од Багдад, во провинцијата Дијала. Таа провинција е некогашно упориште на Ал Каеда. Според полицијата повеќето од жртвите биле верници кои биле на молитва во џамијата.
XS
SM
MD
LG