Достапни линкови

ОН го осудија бомбашкиот напад во Мароко


Местото на настанот-кафуле во Маракаш

Местото на настанот-кафуле во Маракаш

Советот за безбедност на Обединетите нации и генералниот секретар на Бан Ки-Мун, го осудија бомбашки напад во мароканскиот град Маракеш во кој загинаа 14 луѓе, меѓу кои 11 странци, а беа повредени повеќе од 20.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот во едно кафуле во туристичка зона на Маракеш.
Во изјавата на Советот за безбедност, нападот е окарактеризиран како „терористички напад “. Генералниот секретар Бан Ки Мун изјави дека е
„згрозен“ од нападот, и додаде дека никаква политичка цел не го
оправдува таквиот грозоморен акт. Американскиот државен секретар
Хилари Клинтон, исто така, го осуди нападот, нарекувајќи го
"кукавички", и вети американска помош за Мароко. Според извештаите, меѓу убиените или повредените во нападот има државјани на Франција, Холандија и Велика Британија.
XS
SM
MD
LG